АктуелноОхрид

Нарушен јавниот ред и мир пред бензиска пумпа во близина на с. Зајас, кичевско

На 31.01.2025 во 01.10 часот, во Полициското одделение во кичевското село Зајас, пријавено е дека на 30.01.2025 во 21.50 часот, пред бензинска пумпа во близина на селото, бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од лице на (39)г. врз лице на (30) г., двајцата од истото село.

Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава.