На 29.01.2025 во 16.00 часот на улицата „ЈНА“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга ги приведоа лица на (29), (54) и (42), сите од Охрид.
Тие, претходно пред продажен објект на истата улица го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка и агресивно се однесувале кон полициски службеници кои преземале службени дејствија. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
