ОВР Струга поднесе кривична пријава против лице на (58)г од струшкото село Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
На катастарска парцела во селото, без одобрение и спротивно на одредбите од законот за градење, тој изградил индивидуална куќа за живеење, што било констатирано и од градежната инспекција при општина Струга.