АктуелноОхрид

Беседата „Чувај се себеси“ “ под шифра: „1111“ најдобра на Конкурсот на НУБ „Григор Прличев“ од Охрид за 2025

Во пресрет на манифестацијата „Прличеви беседи“ 2025 по трет пат НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид спроведе Конкурс за избор на најдобра беседа во духот на  големиот поет и преродбеник Прличев на тема: „Чувај се себеси“.

Од пристигнатите 8 беседи на Конкурсот комисијата оценувајќи ја  нивната уметничка, јазична и естетско – етичка содржина како најдобра ја одбра беседата „Чувај се себеси“ “ под шифра: „1111“.

На Конкурсот кој се организираше на државно ниво имаа право да се пријават  млади автори од 15 до 30 годишна возраст, велат од Библиотеката.

Авторот на наградената беседа треба да го докаже својот идентитет и авторство со примерок од творбата испратен на biblioteka_ohrid@yahoo.com

Наградата за најдобра беседа во вредност од  9000 денари ќе му биде врачена  на 6 февруари на манифестацијата „Прличеви беседи“ во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид.

НУ Библиотека