Наш изборНаш ИзборОхрид

Сведоштва на дел од жителите на с. Крушје Ресен кој се директно засегнати од горењето на отпадот на Буково

Граѓанската иницијатива „ЗБОГУМ БУКОВО“ интензивно работи на информирање и едуцирање на жителите на поширокиот регион со последиците по животната средина и здравјето на живиот свет од постоењето на активното ѓубриште Буково, но и со постојана комуникација-барање за информации и отчет за чекорите и активностите кои ги преземаат надлежните институции за решавање на овој  горлив проблем.

Во таа насока со овој допис, преку вас, ја запознаваме јавноста со сведоштвата на дел од жителеите на с. Крушје, Ресен, дирекно засегнато со горењето на отпадот на ѓубриштетот Буково.

 

Што мислите, дали е многу или малку време ако ви кажеме дека жителите на Крушје живеат во чадот од ѓубриштето Буково веќе 30 години?  Ова село кое брои околу 50 жители од сите генерации е најзасегнато од горењето на отпадот на Буково. Иницијативата на Збогум Буково, пред еден месец беше контактирана од млада госпоѓа, која е родена и израсната во селото сега преселена да живее со семејството на друг континент. Нејзиното сведоштво zа тоа како е да се живее со постојаното аерозагадување од ѓубриштето, како и процентот на население во селото коешто е заболено и умира од белодробни заболувања го однесе тимот на Збогум Буково во планина, на 1090 мнв за да снимаат дел од приказните на тамошните жители. 

Слушнете во видеото за тоа како е да се живее во рајска градина којашто е уништена од неправилното управување со ѓубриштето. За нивните децениски обиди да го афирмираат овој проблем кај локалните власти во Охрид и Ресен и на државно ниво со цел изнаоѓање на трајно решение. Слушнете како ова загадување влијае на нивните земјоделски напори и одгледувањето на пчели и како подземните води во кои се слева исцедокот од ѓубриштето се загадуваат и стигнуваат до населението и животинскиот свет до двете езера, Охридското и Преспанското езеро. 

Месната заедница на Крушје беше меѓу првите кои дадоа поддршка на иницијативата Збогум Буково, а од иницијативата сметаат дека нивните напори се само продолжение на досегашните заложби на крушјани да интервенираат за подобри услови за живот на сите жители на двата града и околните села. 

 

https://www.youtube.com/watch?v=Tm4ff-r4ytA&t=334s