АктуелноОхрид

Поткуп кај членови од Апелација по пресуда во охридскиот суд

Обвинителството и судството имаат доверба во јавноста од само 2%, ниво кое е помало отколку довербата во “шибицарите“ што измамуваат луѓе на улица со триковите преку три кутии од ќибрит и топчето што никако го нема кај што сте го виделе.

Дека има причина за таа ниска доверба докази гледаат граѓаните, преку сопствени искуства и сознанија кои ги добиваат секој ден. Еве еден документиран доказ како се “обработуваат“ судии за да се пресуди во полза на “обработувачите“.

Се работи за, навидум, банална судска парница пред граѓански суд за развод и решение кој родител по разводот ќе биде примарен за престој и воспитување на детето, согласно условите за живот, карактерот и однесувањето на родителот како и утврдени потреби и склоности за комуникација на самото дете кои ги оценува надлежна, стручна социјална служба.

Пред основен суд во Охрид била поведена постапка за развод на брак и додела на малолетниот син, која постапка е поведена по тужба на тужителот (таткото) против тужената (мајката) и која постапка заврши со пресуда со која бракот се разведува а малолетниот син се доделува на чување и воспитување и делумно издржување на таткото. Тоа е ставот и надлежната социјална служба која дава свое мислење и решение, и која во случајов има функција на стручна институција пред судот.

Во текот на оваа постапка, тужената поднела предлог за доверување на постапување на друг стварно надлежен суд (Скопје) по овој предмет до врховниот суд на РСМ, судот согласно ЗПП ја прекинал постапката и целиот предмет го доставил на Врховниот суд на РСМ. Врховниот суд предлогот на тужената за определување на друг стварно надлежен суд по предметот на основниот суд Охрид го одби како неоснован и затоа постапката била продолжена и завршена пред Основниот суд во Охрид.

Судот во Охрид пресудил развод и определување на детето престој кај таткото. Другата страна, мајката, поднесува жалба пред Апелација во Битола.

И тука почнува серозен проблем, намера за “обработка“ на судскиот совет и судии од Апелација во Битола за да ја укинат пресудата од Охрид и пресудат во полза на другата страна.

Тужената страна која пред Основниот суд Охрид го загубила случајот има сменето неколку адвокати во постапката. На крај, пред да дојде предметот во Битола случајно, или сепак нем, се појавува адвокатката Гордана Сусулеска Илиќ, ќерка на Татјана Сусулеска, судијка на Апелација во Битола, судот кој треба да решава по жалба на страната каде ќерката на на судијката од Апелација во последен момент се вклучува во предметот како адвокат на таа страна.

 

 

vecer.mk