Традиционалната крводарителска акција „Водици 2025“ под мотото „ЕДНА КАПКА МОЖЕ ДА ПРОМЕНИ СẺ“ во организација на Црвен крст Охрид ќе се реализира на 19.01.2025 (недела) од 9-15 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“. Ги покануваме нашите сограѓани и гости да ја покажат својата хуманост дарувајќи крв, а организаторот, со поддршка на Дебарско-Кичевската епархија ќе им возврати со должно внимание и скромни подароци.
Црвен крст Охрид