На 05.01.2025 во 21.30 часот во СВР Охрид, жена на (50)г од Охрид пријавила дека пред нејзиниот дом на ул.„Париска комуна“ во Охрид било опожарено нејзиното патничко возило „бмв х3“ со охридски регистарски ознаки.
Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.
Увид извршила екипа од СВР Охрид, а по наредба на јавен обвинител возилото било однесено во кругот на СВР Охрид.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот