Во текот на денешниот ден жителите и угостителските објекти во центарот на Охрид, дуќаните во чаршијата како и домовите во ценртарот имаат проблеми со напојувањето со електрична енергија, која цел ден „сецка“ и ја има со прекини – реагираат жители на Охрид кои со постови на социјалните мрежи бараат ЕВН да го реши проблемот.
„ И денес за денов ( се мисли на верскиот празник ) ќе ни е темно и нема да имаме струја ?“ – пишува граѓанин кој денес прави визита ( именден ) и чека гости.
Проблемите со напојувањето ги има и на „Кеј Македонија“ каде се дел од најпознатите угостителски објекти во Охрид, а проблеми имаат и во други делови на централното градски подрачје.
Проблеми со напојување на поширокото градски подрачје имаше и на новогодишната ноќ .
Охрид1