Сѐ е подготвено за овогодинешниот Вевчански карневал кој традиционално ќе се одржи на Василица.
Освен дефилето на маски за кои се зборува цела година потоа, за посетителите ќе има и богата музичка програма. На 12-ти јануари ќе настапат Пајак, Ареа и бендот Забрането пушење.
Во понеделник (13-ти јануари) по карневалските фешти ќе настапат Љубојна, Наум Петрески, оркестарот со зурли и тапани Вевчани, а по нив настап ќе имаат Перо Бели и Коки Биоритам.
На прес-конференцијата се обратија министерот за култура и туризам Зоран Љутков и градоначалникот на Вевчани, Спасе Кочовски.
kurir.mk