АктуелноОхрид

Денес на Плаошник 40-дневен помен на упокоениот митрополит Тимотеј

По повод 40-дневниот помен на блаженоупокоениот митрополит дебарско-кичевски Тимотеј, денеска во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид со почеток во 8:45 часот ќе се служи Света архијерејска заупокоена литургија.

 

Како што информираат од Дебарско-кичевската епархија, на литургијата молитвено ќе присуствува архиепископот охридски и македонски г. г.

 

Стефан, со членовите на Светиот архијерејски синод, под чиноначалство на епископот стобиски г. Јаков. По литургијата ќе се служи парастос на гробот.

Митрополитот дебарско-кичевски Тимотеј почина на 25 ноември минатата година по кусо боледување, на 73-годишна возраст. Беше погребан во јужната апсида на храмот „Свети Пантелејмон“ на Плаошник.