АктуелноОхрид

Пецаков: Охрид за новогодишната ноќ беше вистински центар на добрата забава и веселото расположение

Охрид за новогодишната ноќ беше вистински центар на добрата забава и веселото расположение.
Бројните охриѓани и туристи се забавуваа со квалитетна музика и исклучителни естрадни уметници. Забавата стартуваше со DJ Gec, по што на сцената настапија извонредните музичари од охридската група Take 5. Музичкиот блок продолжи со настапот на популарниот изведувач Пајак. Веселата атмосфера продолжи со избрана народна музика од фолк ѕвездата Наум Петрески. Новогодишната забава кулминираше со настапот на македонската поп дива Каролина Гочева. Музичкото шоу на градскиот плоштад продолжи и по полноќ со DJ Face.
Денеска со почеток во 13 часот на Градскиот плоштад ќе има дневна забава за која ќе се погрижат уникатната Сара Мејс и групата „Балканикос Бенд“, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.