На 29.12.2024 во 17.35 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга ги лишија од слобода лица на (25), (19), и (19), сите од струшкото село Лабуништа, како и лица на (22), (20), (40), сите од селото Подгорци, постапувајќи по претходна пријава дека во угостителски објект во селото Лабуништа физички го нападнале лице на (53) од Лабуништа.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што ОВР Струга ќе поднесе соодветни пријави.