На 25.12.2024 во 07.40 часот на улицата „Чеде Филипоски“ во Струга, полициски службеници лишија од слобода (47) маж од Струга, кој се сомничи дека е сторител на кривичното дело „измама“. По наредба на судија на претходна постапка, припадници на криминалистичката полиција од СВР Охрид и ОВР Струга, извршија претрес во неговиот дом, при што пронајдоа и одзедоа повеќе налози, уплатници и други документи, значајни за расветлување на кривичното дело. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.












