Локалната власт на општина Пустец во соработка со хуманитарната организација Црвена полумесечина, обезбеди помош за семејства во општината, кои се во неповолна социо-економска положба.
„Помошта се состои во печки на дрва, како и ќебиња. На 10 домаќинства им се доделени печки на дрва, кои ќе им помогнат во загревање на домовите во зимскиот период. Добивме и 10 пакети со ќебиња, кои ќе бидат распределени на повеќе семејства, во зависност од бројот на членови. Изразувам благодарност за великодушноста и посветеноста кон нашата заедница“, изјави за МИА, Пали Колефски, градоначалник на Пустец.
Додаде дека овој акт на солидарност носи топлина и надеж за оние кои најмногу имаат потреба и понудваат чувство дека не се заборавени.
Во рамки на соработката со оваа хуманитарната организација, Колефски најавува и друга хуманитарна помош и додава дека реализираат контакти и со други организации и амбасади за реализација на проекти во интерес на жителите на оваа општина.
vesnik-ilinden.com