Наш ИзборНаш изборОхрид

Кривична пријава за Битолчанец – при контрола на кеј „8 Ноември“ во Струга, полицијата кај него пронашла марихуана

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 31 Годишно лице од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. При контрола и преглед извршен на кеј „8 Ноември“ во Струга, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга кај него пронајдоа и одзедоа марихуана.