Најмладите од детските градинки во Горица и Пустец, како и од неколку одделенија од одделенска настава, денеска беа израдувани со новогодишни пакетчиња, обезбедени од познатиот активист за правата на Македонците, Панди Јани, во соработка со градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков.
Донесовме новогодишна магија и насмевки на лицата на дечињата од градинките и на неколку одделенија во основните училиште во Мала Преспа. Со голема поддршка од градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, беа обезбедени и распределени новогодишни пакетчиња, кои им го направија празникот посебен, рече Панди Јани.
Детската насмевка, додава, ја исполни нашата душа, што е стимул да продолжиме да се поддржуваме и да носиме радост таму каде што е најпотребно. Искажува голема благодарност до градоначалникот Пецаков за поддршката, која ја дал, за да им ја долови новогодишната радост на најмалите малопреспанци.
Оваа иницијатива е доказ дека соработката и солидарноста можат да направат големи промени во заедницата, особено за нашите најмлади. Голема благодарност до градоначалникот Пецаков и општина Охрид за нивната посветеност и хуманост, посочи тој. Дечињата, според него, им се заблагодариле со македонски песнички и стихотворби.
vesnik-ilinden.com