АктуелноОхрид

Голема стенд ап турнеја на Марјан Георгиевски

На 19. 11. во 20ч во големата сала на Театар – Охрид доаѓаголемата стенд ап турнеја на Марјан Георгиевски. Еден од првите стенд ап комичари во Македонија, конечно после цели петнаесет години прави ваков исчекор на задоволство на публиката.

Насловот на турнејата е “За македонските работи”

“Ова е текст кој се бави со еден народ, со една земја, со еден менталитет, навики и обичаи. За Македонците во минатотот, сегашноста и иднината. Оваа турнеја е за сите нас кои што останавме овде, но и за оние кои заминаа. Ветувам едно поинакво сценско доживување со новитети кои не се користат во стенд ап настапите кај нас.” – вели Марјан.