АктуелноОхрид

Трипуновски: Охридското Езеро се става во функција

„Денеска сум во посета на Охрид и Струга, целта на мојата посета е средба со риболовните здруженија и риболовците од овој крај. Да ги запознаам со новата риболовна основа што ја донесовме“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

„Новата риболовна основа предвидува седум риболовни зони за комерцијален излов на риба и една рекреативна зона на ниво на целото Охридско Езеро“, појасни министерот Трипуновски.

Тој додаде дека ова е уште едно во низата исполнети ветувања што ги има дадено во предизборниот период.

Министерот посочи дека целото езеро се става во функција, со што се заштитува и рибниот фонд.

 

 

tocka.com.mk