АктуелноОхрид

Во Струга приведен охриѓанец кој при преглед извршен на улица исфрлил опаковка со кокаин

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 38 годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. При преглед извршен на улицата „Пролетерски Бригади“ во Струга, тој пред полициските службеници, исфрлил опаковка со кокаин.