Екипите кои беа дел од акцијата за пронаоѓање на Крсте Маркоски-Кече од селото брчево, кој два дена беше исчезнат, го пронајдоа, за жал починат.
Според првичните, неофицијални информации, на телото немало траги од насилна смрт. Се очекува соодветните служби да излезат со официјални информации за причините кои довеле до смртта на 60-годишниот Маркоски.