АктуелноОхрид

Пецаков: Одбележувањето на 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба е празнување на идејата за самостојна и независна Република Македонија

Највозвишена цел на еден народ е да создаде своја држава. Само оние народи кои формирале своја држава ја реализирале слободата со тоа што станале самодоволни. 23 Октомври 1893 година е клучен момент во македонската револуционерна борба за остварување на таа возвишена цел.
Овој ден е паметник за шестемина македонски патриоти Хаџи Николов, Поп Арсов, Груев, Татарчев, Димитров и Батанџиев кои се здружија со визијата за слободна Македонија, со што ја втемелија желбата за независна држава која ќе ги сплоти сите под едно знаме, во една земја, под едно име – Македонија.
Патот до слободата што го започнаа шестемина родољуби, го продолжија илинденците и асномците остваруваjќи го вековниот стремеж за сопствена, суверена и демократска држава. Тој пат го продолжува и нашата генерација целејќи кон европска и просперитетна држава, економски стабилна, совршен дом за нашите деца кои својата иднина ќе ја градат тука.
Нека ни е вечен Денот на македонската револуционерна борба!
Да живее Република Македонија!