АктуелноОхрид

Божиновски: Морално и човечки е да помагаме на сите луѓе и да изградиме подобар свет во кој сите сме различни, но сепак исти!

Морално и човечки е да помагаме на сите луѓе и да изградиме подобар свет во кој сите сме различни, но сепак исти, Напиша на својот ФБ профил претседавачот на советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски.
Во продолжение ја пренесуваме објавата во целост:

Задоволство е да сте поканети на еден особено стручен и професионален симпозиум на тема „Ретки болести – дијагностички предизвици и терапевтски перспективи“ организиран од Здружението за ретки болести „РЕТКО Е ДА СИ РЕДОК“ од Охрид по повод 10 години активизам за ретките болести во Македонија и на интернационално ниво.

Најзаслужна за тоа е нашата хероина Gordana Loleska, борец за подобар живот на луѓето со ретки болести.
Преку боите на ретките, Охрид испраќа силна поддршка и го крева гласот за поголема инклузија и достоен живот на лицата со ретки болести и нивните семејства.
Како заедница која ја негува различноста и ја поддржува борбата за човечност и солидарност, од година во година, чекор по чекор, ги подобруваме условите за лицата со ретка болест и со конкретни мерки, овозможуваме помош, онаму каде што е најпотребна.

Како Општина веќе четврта година по ред ќе објавиме повик за доделување ученички, студентски стипендии и стипендии за лица запишани на магистерски и докторски студии на државните и приватните училишта и универзитети во Република Македонија, а се однесуваат на лица со ретки болести и посебни потреби во Општина Охрид. Стипендиите се доделуваат за 9 (девет) месеци по 2 000 денари за ученици и по 3 000 денари за студенти, магистранди и докторанди.

Заедничка цел е да споделиме нови позитивни примери за реална помош низ животните предизвици, кои ги носи ретката болест и ретките дијагнози кои бараат посебно внимание и достапно лекување.
Само преку подадена рака и силна поддршка, преку заедничка соработка може да се остварат долгорочни цели и да се постигнат посакувани позитивни промени.

Да ги чуваме и заштити ме, да ги држиме блиску сите личности кои се Ретки, силни и убави затоа што заслужуваат поддршка, помош, да знаат колку се важни и дека сите сме исти!