АктуелноОхрид

Божествена Евхаристија во храмот на Пречистата Богомајка во с. Ростуше по повод утрешниот празник

Драги верници и пријатели на Свештената Бигорска Обител и на славниот мијачки крај,

Со радост и срдечни благопожелби ве известуваме дека по повод празникот Покров на Пресветата Владичица наша Богородица и Приснодева Марија, нашиот Старец и Игумен на Свештената Бигорска Обител, Преосветениот Епископ Антаниски г. Партениј, на 14 октомври, понеделник, ќе отслужи Божествена Евхаристија во неодамна осветениот Сечесен Храм на Пречистата Богомајка во с. Ростуше. На богослужбата молитвено ќе учествува дел од бигорското братство и од сестринството од Рајчица.

Во 07:30 часот ќе започне Утрената богослужба.

8:45 ч. – пречек на Епископот Антаниски г. Партениј.

Светата Литургија ќе започне во 9 часот, а благослов да присуствуваат имаат сите заинтересирани. Поканата за заедничка молитва и благодарење е отворена за сите – како што се отворени и мајчинските прегратките на нашата чудесна Богородица.

Ви посакуваме благословен празник на сите, соединети во молитва и почитување под Покровот на милоста на Пресветата Богородица.

Со најдлабока почит во Христа,

Братството на Свештената Бигорска Обител и црковниот одбор при Храмот на Пресвета Богородица во с. Ростуше.

 

Бигорски манастир