АктуелноОхрид

Струга според бројот на вработени прераснува во фабрика – 73 нови лица планира да вработи Мерко во 2025 година

вработени. Ваквите нереални проектирања се затоа што струшкиот градоначалник својата функција ја разбира единствено како начин да вработи што е можно поголем број партиски војници и во очи локалните избори догодина да има што е можно подобра стартна позиција, наместо да се грижи за потребите на сите граѓани кои мака мачат со водоснабдувањето, чистотата, патната инфраструктура, депонијата, велат од ВМРО ДПМНЕ – Струга, објави АЛСАТ .

Планот за вработување на Мерко доби зелено светло од страна на мнозинството во советот на ДУИ и СДСМ.

Како што пренесува „Алсат“, помеѓу предвидените вработувања има и позиции, како на пример, соработник за соработка со јавноста и медиумите, соработник за развој и унапредување на угостителството, помлад соработник за спортски и рекреативни активности на лица со посебни потреби,соработник за одржување и подршка на портал,помлад соработник за унапредување на занатечиството и туризмот и што ли уште не. За сите овие места, треба да се одвојат милионски суми за исплата на плати и придонеси на годишно ниво.

извор: АЛСАТ