Овој празник е симбол на непокорот и слободарскиот дух на македонскиот народ. Одбележувајќи годишнина од почетокот на народното востание во далечната 1941 година и борбата против фашизмот им изразуваме почит на сите храбри борци и херои што го дадоа животот за слободна и самостојна Македонија која израсна во правна и прогресивна држава.
Победничкото антифашистичко народноослободително движење, на првото заседание на АСНОМ го официјализира и идеалот за македонската држава. Ние како граѓани, сме и мораме да бидеме вечно благодарни за она што го добивме, крваво спечалената собода во која уживаме. Го продолжуваме патот на борците и асномците избирајќи го напредокот и мирот на државата и создавајќи подобар живот за сегашните и идните генерации.
Денес, битката се води во повеќе димензии и предизвикот е повеќекратно поголем. Сплотени и единствени како граѓани и како човечки суштества, продолжуваме да се бориме за достоинствен и квалитетен живот за сите.
Заедно да градиме стабилна и сигурна иднина за нашите деца и поколенијата по нив. Заедно да градиме проспетитетна држава. Да не си погазуваме по одбележјата на нашиот идентитет. Да знаеме да се самопочитуваме и цениме за истото да го добиваме од другите. Само така ќе си го сочуваме она што сме го добиле во наследство и ќе градиме добра и стабилна иднина за сите нас.