АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

„Трајан Целески – ТАЧО“ е името на новото повеќенаменско игралиште во населба Видобишта

default

Најновото и наголемо спортско игралиште на подрачјето на Охрид, кое вечерва свечено беше отворено во населбата Вдибоишта ќе го носи името на нашиот прерано починат сограѓанин и пасиониран спортист Трајан Целески Тачо, младо момче кое беше омилено во градот Охрид, и посебно во населбата Видобишта каде живееше во непосредна близина на сега обновеното игралиште.

Игралиштето „Трајан Целески – ТАЧО“ свечено го отвори градоначалникот на Охрид, заедно со потесното семејство на Трајан Целески Тачо, со кој заедно ја открија таблата на која стои името на игралиштето и беа гости на свеченоста.

Градоначалникот на Охрид на ФБ напиша :

„Трајан Целески – ТАЧО“ е името на новото повеќенаменско игралиште во населба Видобишта.
Вечерва свечено го отворивме ова повеќенаменско игралиште кое го носи името на прерано починатиот наш сограѓанец Трајан – ТАЧО. Сакам во оваа прилика уште еднаш да се заблагодарам до семејството Целески кои прифатија ова игралиште да биде именувано според нивиот син/брат, и што вечерва беа дел од отворањето.
Посакувам позитивната енергија и спортскиот дух кои ги имаше нашиот Тачо да бидат присутни и тука и повторно од тука да се изродат спортски надежи.