КУД „Далги“ при ЗП Охрид и Дебарца на 6 октомври , учествуваше во завршниот дел од овогодинешните охридски фестивалски денови, кои се одржуваа за време на летната туристичка сезона од месец април до окотмври.
Организатор на охридските фолклорни фестивалски денови беше Интернационалната фолклорна фестивалска организација Охрид.
На завршната вечер настапија , фолклорни групи, ансамбли и КУД од Хрватска, Естонија, Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија и Македонија кои пред почетокот на програмата одржаа фестивалско дефиле по старата охридска чаршија со песна и игра.
Програмата се одржа на летната сецна кај Амамот, а почетокот го означи КУД „Далги“ со исполнување на изворни староградски охридски песни и ора во траење од 20 минути, на задоволство на присутната публика која ги поздрави со долготраен аплауз.
Комисија за информирање при ЗП Охрид и Дебарца