АктуелноОхрид

Пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја кај лице од Охрид

На 08.10.2024 во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го лишија од слобода лице на (44) години  од Охрид.

При претрес во апартманот во Охрид, кој привремено го користел, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја.

Toj беше приведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.