недела, ноември 17, 2024
АктуелноМакедонијаНаш ИзборНаш изборОхрид

Орбан единствен премиер кој до сега положил венец на споменикот на Кирил и Методиј во Охрид

Првиот човек на Унгарија денес во центарот на Охрид положи венец на споменикот на Сесловенските просветители , Светите браќа Кирил и Методиј.

Доколку се проверат архивите наназад, низ децениите во кои што постојат спомениците на Светите браќа Кирил и Методиј, како и на светите Климент и Наум, ова е прв пат политичар и водач на држава на тој ранг да полага цвеќе на овој споменик.

Орбан во центарот на Охрид срдечно се сретна и со граѓани на Охрид кои покажаа искрено задоволство од тоа што Виктор Орбан е во градот.