АктуелноОхрид

Виктор Орбан доаѓа во Охрид во четврток и петок заедно со делегација од унгарската влада

На 26 и 27 септември во дводневна официјална посета на Република Македонија ќе присуствува претседателот на Владата на Унгарија, Виктор Орбан заедно со делегација од унгарската влада.

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе оствари официјална тет-а-тет средба со неговиот унгарски колега во премиерската вила Охрид на 27 септември.

Дополнително, во рамки на посетата ќе се остварат и низа билатерални средби на македонските министри со ресорните колеги од унгарската делегација, а на 27 септември со почеток во 10 часот ќе се одржи заедничка меѓувладина седница во хотелот „Инекс Олгица’ во Охрид.

По завршувањето на меѓувладината седница на истата локација се очекува да се одржи прес-конференција за медиуми со почеток во 12:15 часот, на која ќе се обратат двајцата претседатели на владите, Мицкоски и Орбан.

На маргините на дводневната посета предвидена е прошетка во градот Охрид, посета на црквата „Богородица Перивлепта“, Античкиот театар и манастирскиот комплекс „Свети Наум“, а свежо цвеќе премиерите на двете земји ќе положат на споменикот на Свети Кирил и Методиј во Охрид.