Акцијата за преуредување на камените коцки од оштетените улици низ стариот дел на градот продолжува.
Во моментов се врши санација на камените коцки на пресекот од улиците „Димче Маленко“ и „Аргир Маринчев“. После завршување на овој дел, активностите продолжуваат на други улици во стариот дел од градот, пишува во својата објава градоначалникот Кирил Пецаков.