АктуелноОхрид

Петти ден потрага по Белгиски турист

Од 18ти Септември, Среда, во тек е голема акција за барање и спасување на Белгиски државјанин, кој се движел по позната патека High Scardus Trail, почнувајќи од нејзината 14та етапа, во Hinoske, Albanija, со план за нејзино целозно завршување се до етапа 22, во Св. Наум, на охридското езеро. Во изминатите 5 денови, во соработка со Интерпол, Граничната полиција и клегите од Планинската Спасителна Служба од Косово, пребарани се етапите 14 до 20, на територија од Македонска и Албанска страна. За жал, до овој момент не е пронајдена ниту една трага од исчезнатиот турист.
Претседателот на НСПС, е во постојана секојдневна комуникација со конзуларното претставништво на Белгија во Албанија, кое ја покрена акцијата за пребарување, како и со МВР и Интерпол во земјава, а во пребарувањето на терен се вклучени волонтери од Планинската Спаистелна Служба при Црвен крст Охрид, Здружението за заштита и спасување Асклепиј од Скопје, Водичи од Македонската Асоцијација на Интернационални Водичи во Планина, Планинарски клуб Церн Камен од Вевчани, планинари од општина Ростуше, припадници на Граничната полиција, како и колеги од Планинската Спасителна Служба од Косово, кои пребаруваат на албанска територија.
Црвен крст Охрид