Јелена Томашевиќ уживаше во убавините на Охрид и Охридското Езеро.
40-годишната српска пејачка настапи на „Охрид фест 2024“, а својот престој таму го искористи и за да го посети манастирот Свети Наум. Јелена веслаше кајче и уживаше во природните убавини на нашата земја.
„Колку убав ден на Охридското Езеро, во манастирот Свети Наум, уживање во природата и веслање за крај на денот“ – напиша таа.