АктуелноОхрид

Уапсено уште едно лице за предизвикување пожар во струшко

На 27.08.2024 во 17.40 часот на локалниот пат с.Велешта кон с.Октиси, полициски службеници од Полициското одделение Велешта при ОВР Струга,  лишиле од слобода 38 годишен жител од с.Велешта, струшко поради тоа што во атарот на селото предизвикал пожар.

Од страна на Територијалната противпожарна единица Струга пожарот бил изгаснат. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.