На 800 метри (на 1220 мнв )од селото Куратица во самото подножје на ридот кај месноста викано „Горно село„каде се верува дека било старото село Куратица, се издигнува црква посветена на Света Богородица . Храм кој веќе 2 децении интензивно се возобновуа од месното население и се чува и негува култот и посветеноста кон мајката Божја.
Жителите на селото заедно со верниците од околните населени места се соединуваат на церемонијата, истакнувајќи ја значењето на оваа света градба.
По тој повод 27.08.2024 од 19 часот започнува богослужбата , по што следува заедничка вечера со присутните верници.
После вечерата започнува општонародна веселба со естрадниот уметник ЈОРДАН МИТЕВ
исто така ве известуваме дека црквата ќе биде отворена и на 28.08.2024
Оваа година кум за празникот е Христијан Јосифоски
За многу години здравје бериќет во фамилијата.