На 23-ти и 24-ти август во предворјето на црквата „Света Софија“ ќе се одржи второто издание на „Охрид џез фестивал“ во организација на Општина Охрид.
Во рамки на првата фестивалска вечер, љубителите на квалитетна музика ќе може да уживаат во уникатниот проект „Звукот на исконот“ од музичките виртуози Драган и Ратко Даутовски.
Втората фестивалска вечер ќе биде резервирана за концертниот настап на македонската џез уметница Наташа Миха во придружба на Дамир Имери и Иван Бејков.
Концертите започнуваат во 20:30 часот, пишува во својата објава градоначалникот.