Центарот за развивање на животни вештини БРЕИНОБРЕИН-Црвен крст Охрид започнува со уписи на нови деца од 4-14 годишна возраст, заинтересирани да ја следат интернационалната Бреинобреин едукативна програма преку која ќе имаат можност да ги стекнуваат, развиваат и потврдуваат своите способности: концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми.
Ги покануваме родителите со своите деца, да се уверат во уникатните, проверени и ефикасни техники и вештини имплементирани од високо професионални тренери со искуство во работа со деца и обучени според меѓународните стандарди на оваа програма, кои ќе помогнат децата да достигнат развој и целосно искористување на мозочниот потенцијал и да бидат способни да ги користат двете хемисфери на мозокот, подеднакво и ефикасно.
Сите заинтересирани можат да се информираат и пријават на телефоните 046 261909 или 078 227433, на е-маил: ohrid@redcross.org.mk, или во просториите на Црвен крст Охрид, започнувајќи од 20.08.2024 г., секој работен ден од 8-16 ч., а детални информации за оваа програма, заинтересираните ќе можат да добијат на отворениот ден за БОБ програмата кој ќе се реализира на 10.09.2024 г. (вторник) од 18-20 ч. во просториите на Црвен крст Охрид.
Центарот Бреинобреин-Црвен крст Охрид е првиот франшизен центар на Балканот кој интернационалната Бреинобреин програма ја имплементира од 2010 година. За успешноста на нашиот БОБ-Црвен крст Охрид центар говорат бројните трофеи и медаљи на учениците и тренерите, освоени на шесте државни натпревари одржани во Скопје во 2012, 2013, 2015, 2016, 2017 и 2018 година, како и на меѓународните натпревари во Загреб-Хрватска, Белград-Србија и во Дубаи-Обединети Арапски Емирати.