сабота, ноември 16, 2024
АктуелноОхрид

Утре од 09.30 до 12 часот, во прекин ќе биде пловидбата по каналот „Студенчишта“ – поради предвидените активности кај Центарот за обука на вода, за Централната свеченост по повод АРМ

  1. СВР Охрид и полициската станица за Граничен надзор „Охридско езеро“, ја известуваат јавноста дека утре (18 август 2024 година) од 09.30 до 12 часот, во прекин ќе биде пловидбата по каналот „Студенчишта“. Прекинот е поради предвидените активности на просторот кај Центарот за обука на вода во Охрид, каде што, утре ќе се одржи Централната свеченост по повод 18 август, Денот на Армијата на Република Македонија. Поради утрешниот значаен настан, апелираме, граѓаните да ги почитуваат мерките што ќе ги спроведуваат инспекторите за пловидба од Капетанија на пристаништа во Охрид и полициски службеници од СВР Охрид и Езерската полиција.