Денеска имав чест да ја прогласам за отворена 57. Летна школа на Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ што се одржува во Охрид и во својство на покровителка, да им посакам успешна работа на семинаристите, предавачите, лекторите и на сите учесници.
Длабоко посакувам македонистиката да има постојан развој и да биде вечна мисијата и дејноста на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, напиша во својата објава претседателката Силјановска Давкова.