МагазинОхрид

Саксофонистот Горан Папаз и сопругата очекуваат тројка

„Вака изгледа скрининг на три бебиња во меше. Го решив проблемот со барање музичари за бенд“, напиша Горан Папаз на Инстаграм и објави дека со сопругата Наташа ќе добијат три бебиња.

Саксофонистот Горан Папаз и неговата сопруга Наташа, ќе станат родители на три бебиња.

Горан преку својот Инстаграм откри дека очекуваат тројка и ги покажа фотографиите од ултразвукот.

„1 на 10.000 биле шансите за природна тројка… ние победивме! Вака изгледа скрининг на три бебиња во меше.

П.С. Го решив проблемот со барање музичари за бенд“, напиша Горан.

Парот се венча во 2022 година и неодамна прославија 2 години во брак.

Освен тројката што ја очекуваат, Горан го има синот Дамиан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Goran Papazz (@goranpapazz)