Општина Охрид доби престижната награда „Општина пријател на Младите“ , признание за исклучителните иницијативи и политики спроведени за поддршка и зајакнување на младите во заедницата.
Во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на мадите -12 ти август и Неделата на млади, вчера се одржа конференцијата „Општините пријател на младите – Младинското учество во фокус“ што се одржа во Скопје.
Како претставник на Општина Охрид беше Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиноски, кој ги потенцираше заложбите на Локалната самоуправа.
Општина Охрид има успешна реализација не само на обврските согласно Законот за младинско учество, туку оди и едно скалило погоре , во насока на реализирање конкретни мерки и проекти за подобар статус на младите. Особено сме горди на отворањето на Младинскиот Центар, формирањето на Локален совет на млади и Локално младинско собрание, а изготвена е и Локална Стратегија за млади 2021- 2026 година. Отворањето на Младинскиот центар во Охрид, беше сложен процес на кој бевме особено посветени. Горди сме што успеавме да ги реализираме сите предвидени активности.
Конференцијата беше организирана во рамки на проектот „Заедници инклузивни за млади“, финансиран од Европската Унија, а имплементиран од Националниот младински совет на Македонија во партнерство со Фондацијата за развој на локалната задница Штип, Платформата за зајакнување на младите од Гостивар и Здружението за одржлив развој СФЕРА Интернешнал од Битола, напиша градоначалникот Кирил Пецаков.