Незаборавна вечер исполнета со многу смеа и хумор, приредија познатите стенд-ап комичари Бојан Велевски и Маријан Георгиевски во рамки на настанот STAND UP COMEDY NIGHT што вчеравечер се одржа во Охрид.
Многубројната публика, на платото пред хотелот Палас, уживаше во препознатливите шеги и креативни анегдоти од секојдневниот живот.
Настанот беше организиран во рамки на летната културна програма поддржана од Општина Охрид, пишува во својата објава градоначалникот Кирил Пецаков.