АктуелноОхрид

(ФОТО) Пожарот на Галичица се гледа и од Охрид

Делови од Галичица на територија на Македониј и Албанија горат веќе осум дена, а денес на сводот над Охридско Езеро се протегаше огромна завеса од чад.

Вечерва пак огнот на Галичица се гледа и од Охрид. Фотографиите кои ги испратија читатели на Ohrid1.com се фотографирани од Античкиот театар.

Охридската противпожарна единица во тешка битка, ако се знае дека до пределот каде гори треба да се стигне по патот кој води од Охрид до Свети Наум, а кој е константно „заглавен“ и по него сообраќајот отежнато се одвива, па портивпоражрните возила од како ќе интервенираат треба да се вратат назад за да танкираат нови количини вода. Но, враќањето назад некогаш трае предолго бидејќи тие мора да поминуваат покрај најпосетуваните локации на брегот и колоните возила со туристи, што одзема многу време, па пожарот повторно ќе се распламти и целиот труд се губи залудно.

Активни на терен се и екипи на Н.П. Галичица, но просторот каде гори е тешко пристапен, и е миниран со експлозивни средства од Прва светска војна, па се слушаат и експлозии од мини и гранати кои останале тука по крајот на војната.