АктуелноОхрид

Николовски најавува нови авиолинии: Планирани се субвенции за нови летови во Скопје и Охрид за 2025 година

Македонската влада вети дека ќе го подобри воздушното поврзување на земјата со плановите да започне нова шема за субвенционирање следната година за воведување нови линии од аеродромите во Скопје и Охрид.

„Донесовме одлука да формираме работна група која ќе ги испита сите можности за зголемување на бројот на летови од аеродромите во Скопје и Охрид. Нашата цел е следната година да лансираме нови дестинации кои во моментов не се опслужуваат од Скопје и Охрид. Како резултат на тоа, би дочекале многу повеќе туристи, но и би им овозможиле на Македонците полесно и поевтино да патуваат во странство,“ изјави вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски.

Николоски рече дека Владата ќе започне преговори со авиокомпаниите.

Ќе разговараме со неколку меѓународни авиопревозници кои нудат брзи и евтини летови и убеден сум дека следната година ќе имаме многу повеќе дестинации.