петок, ноември 15, 2024
Наш ИзборНаш изборОхрид

Приведени две лица од Албанија – се сомничат дека на подрачјето извршиле повеќе кривични дела кражба и тешка кражба

На 04.08.2024 година во 00.40 часот, во Полициското одделение во струшкото село Велешта, од слобода се лишени А.О.(21) и Л.Б.(25), двајцата од Либражд, Република Албанија. Тие се сомничат дека на подрачјето извршиле повеќе кривични дела кражба и тешка кражба. По целосно документирање на случаите, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

извор: СВР Охрид