Наш ИзборНаш изборОхрид

Приведено 25 годишно лице од Корошишта, полицијата во автомобилот му пронашла марихуана

На 26.07.2024 во 22.15 часот на улицата „Пролетерски бригади“ во Струга, полициски службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга приведоа 25 годишно лице од струшкото село Корошишта. При контрола на патничко возило „фолксваген пасат“, кое го управувал, кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

извпр: СВР Охрид