АктуелноОхрид

Охридскиот математичар Леонид со бронза на олимпијадата во Англија

Златен медал освои Дамјан Давков на 

65. Интернационалната математичка олимпијада во Англија што се одржува во Бат, Англија. Алексиј Тасиќ и Леонид Тодороски освоија бронзени медали, а Никола Цветаноски, Бранко Јангеловски и Ивано Божиновски освоија пофалници.

Македонската репрезентација на олимпијадата ја водеа менторите Илија Јовчески од Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје и Мирко Петрушевски од Машинскиот факултет во Скопје. Обајцата се членови на Сојузот на матемачарите на Македонија кои го организираат нашето учество на светскиот натпревар.

Тимот го сочинуваа:

– Дамјан Давков – Математичко – информатичка гимназија, Скопје.

– Алексиј Тасиќ – ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје

– Никола Цветаноски – ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје

– Леонид Тодороски – ПСУ „Јахја Кемал“ – Струга

– Бранко Јангеловски – ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје

– Ивано Божиновски – Математичко – информатичка гимназија, Скопје.