АктуелноОхрид

ОЈО Струга поднесе обвинение за пет лица, во тепачка на деца се вклучиле и возрасни меѓу кои и државен правобранител

Основното јавно обвинителство од Струга поднесе обвинителен предлог против пет лица за кривично дело „учество во тепачка“.

Еден од обвинетите, како што информира Јавното обвинителство, во моментот извршува функција државен правобранител за подрачјето на Струга.

– Настанот се случил на 17-ти август минатата година во луна паркот на улицата „Партизанска“ каде две 16-годишни деца започнале меѓусебна расправија и тепачка по што се вклучиле родителите на децата и други роднини. Тепачката кулминирала така што едно од децата се здобило со тешки телесни повреди од удари со тупаници – скршеници на вилица, контузии на главата и телото, подливи и посекотини, информираат од обвинителството.