СВР Охрид поднесе кривична пријава против 44 годишен Охриѓанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и против 25 годишен Охриѓанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување употреба на наркотични дроги“. При преглед извршен во патничко возило „фолксваген голф“, во кој се превезувале пријавените, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа марихуана.
извор: СВР Охрид